Странските инвеститори ги спуштаат цените на становите и кај нас

Bez autora
Oct 07 2013

Новите станови најскапо се продаваат во Белград, а најевтино во Софија. Во Скопје, иако во изминатиот период се изградиле најмногу нови згради, цените се во средина меѓу српската и бугарската метропола, покажува анализата на специјализираната консултантска куќа за недвижности „Фортон Македонија“. Според анализата, во првата половина од годинава нов стан во Белград се продавал просечно за 2.200 евра за квадратен метар, а цената во Софија била 743 евра. Просечната цена на станбен квадрат во Скопје била 991 евро. Заедничко за трите главни града е дека во изминатиов период кај сите има континуиран пад на цените на недвижностите.

Странските инвеститори ги спуштаат цените на становите и кај насНовите станови најскапо се продаваат во Белград, а најевтино во Софија. Во Скопје, иако во изминатиот период се изградиле најмногу нови згради, цените се во средина меѓу српската и бугарската метропола, покажува анализата на специјализираната консултантска куќа за недвижности „Фортон Македонија“.

Според анализата, во првата половина од годинава нов стан во Белград се продавал просечно за 2.200 евра за квадратен метар, а цената во Софија била 743 евра. Просечната цена на станбен квадрат во Скопје била 991 евро. Заедничко за трите главни града е дека во изминатиов период кај сите има континуиран пад на цените на недвижностите.

Потенцијалните купувачи на стан во Скопје во првите шест месеци од годинава имале најголем избор, со оглед на тоа дека во овој период биле пуштени во употреба 1.758 стана. Сепак, речиси половина од нив, односно 43 отсто, стојат непродадени. Во Белград и во Софија биле пуштени во употреба драстично помалку станови, односно 336 и 131. Токму масовната изградба, како и слабата побарувачка, придонесуваат за пад на цените на становите во Скопје. Аналитичарите прогнозираат дека ова ќе ги притиска инвеститорите и натаму да ги спуштаат цените, кои ќе се приспособат на условите на пазарот и на достапноста на банкарските кредити.

Аналитичарите на „Фортон Македонија“ објаснуваат дека трошоците за изградба на станови во трите главни градови се приближно исти и изнесуваат од 350 до 450 евра за квадратен метар. Но, драстичната разлика во продажните цени настанува поради неколку клучни фактори како што се нетранспарентност на пазарот на локации, правната регулатива за градење, роковите за добивање градежни дозволи, административните процедури, корупцијата и слично. Токму од овие фактори зависи дали на пазарот ќе влезат странски инвеститори што ќе се зафатат со крупни станбени проекти, кои најчесто ги градат со сопствени пари, без заеми од банки или од купувачите.

- Во државите во кои влегле вакви инвеститори, цените на становите паѓаат бидејќи се зголемува конкуренцијата. Во ваква ситуација инвеститорите се принудени да ги спуштат цените, со што заработувачката се сведува на реални маргини. Домашните инвеститори се принудени да ги следат со цените така што по извесно време на пазарот остануваат само големите играчи, додека тие што градат мали згради, до 15 стана, ќе се повлечат- објаснува Влатко Богоевски, генерален менаџер на „Фортон Македонија“.

Според него, во последниве години во Скопје се создале добри услови за градење, поради што дошле големи странски градежни инвеститори, како што е турската компанија „Џеваир холдинг“. За разлика од Скопје, во Белград процедурите за добивање градежни дозволи се многу покомплицирани, регулативите полоши, како и целокупната градежна клима. Тоа, смета Богоевски, се одразува врз интересот на странските инвеститори, при што индиректно влијае врз цените кои се едни од највисоките во регионот.

Интересно е што Софија е единствената меѓу трите земји која е дел од ЕУ, а има најниски цени на становите. Богоевски тоа го објаснува со градежната експанзија во бугарската метропола пред кризата.

- Во Софија пред кризата се градеа огромни капацитети. Но, кризата ги фати токму во екот на градба, така што инвеститорите не можеа финансиски да издржат и да ги враќаат земените кредити. Поради тоа, банките презедоа многу голем дел од тие објекти и ги продаваа по многу пониски цени за да ги покријат побарувањата. Другите инвеститори мораа да ги следат овие текови и да ги приспособат цените, поради што и се спуштија на сегашното ниво - вели Богоевски.

Прогнозите на „Фортон Македонија“ се дека цените на становите во Скопје ќе паѓаат и во текот на целата 2013 година, а се очекува да се стабилизираат некаде во втората половина на 2014 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik